Реакцијата од Јувентус по двата гола на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед по пауза од 12 години и на второто деби постигна два гола во мрежата на Њукасл Јунајтед.

>>> Португалска фешта во Манчестер: Роналдо и Бруно го средија Њукасл! (ВИДЕО)

Спортскиот директор на Јувентус, Павел Недвед, имаше што да каже за неговото издание на првиот меч во дресот на премиерлигашот во новата сезона.

Роналдо постигна уште еден погодок? Па, не сум изненаден...“, рече Недвед за ДАЗН.

Италијанскиот гигант е поранешна екипа на Португалецот. Тој ги бранеше боите на „старата дама“ во изминатите три сезони.

Ова лето Роналдо одлучи да направи промена и одново да се врати на познато место во Премиер лигата.