• Мартин Танасковски

Медиумите објавија и пишуваа за „ладен поздрав“ меѓу Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш на првата средба во Катар, го наведуваа интервјуто на ѕвездата во кое го нападна Јунајтед како причина, меѓутоа такво нешто не постои.
За средбата на двајцата играчи на „ѓаволите“ во соблекувалната говореше Жоао Марио, кој кажа дека двајцата фудбалери се шегувале. Затоа што Бруно пристигнал последен кај соиграчите, Роналдо го „пецнал“.
„Бев таму во тој момент. Роналдо и Фернандеш се шегуваа затоа што Бруно дојде меѓу последните. Кристијано го праша дали дојде кај нас со чамец“, изјави Жоао Марио за средбата.
Португалците се веќе во Катар и се подготвуваат за планетарниот собир каде влегуваат со големи амбиции.