ВИДЕО: Реакцијата на Пеп по голот на Родриго за 2-1 стана хит во изминатиот период

Пеп

Пеп Гвардиола знаеше што ќе го снајде Манчестер Сити, ако Реал Мадрид успее да се врати во двомечот во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тоа и се случи, со двата гола на Родриго во завршницата. Бразилецот ја најави радоста на „Сантијаго Бернабеу“, која од пенал ја потврди Карим Бензема во продолжението од натпреварот. Реакцијата на шпанскиот тренер на клупата на премиерлигашот се актуелизира во изминатите денови и е вистински хит на социјалните мрежи.

„Кралевите“ на патот до финалето и титулата во Лигата на шампионите направија три пресврти и тоа против Челзи, ПСЖ и Манчестер Сити.