Реакцијата на Конте кога дозна дека Мурињо е нов тренер на Рома (ВИДЕО)

Антонио Конте заврши одлична работа на клупата на Интер оваа сезона и на четири кола до крајот на шампионатот веќе ја обезбеди титулата во италијанскиот шампионат. Неговиот Интер ја прекина доминацијата на Јувентус, кој беше шампион на Италија беше од сезоната 2011/12 до денес.

Во следната сезона, доколку остане на клупата на Интер, Конте ќе има нова шанса да се надмудрува со Жозе Мурињо, кој и официјално ќе седне на чело на Рома. Двајцата стратези се поврзани со долгогодишно ривалство во кое имаше тактичко надмудрување, но и потсмев и груби зборови.

Кога беше менаџер на Челзи, Конте ја критикуваше работата на Мурињо во тој клуб, а „специјалниот“ веднаш му одговори дека нема намера да ја загуби косата поради неговите зборови, алудирајќи на трансплантацијата што ја направи Италијанецот.

Наводно, конфликтите меѓу нив двајца се завршени и заборавени и сега постои заемна почит. При една изјава во текот на вчерашниот ден Конте беше пријатно изненаден кога новинарот му откри дека Жозе ќе седне на клупата на Рома и изјави дека тоа е добра вест за сите и му посака сè најдобро, освен во натпреварите против Интер.

  • Погледнете ја реакцијата на Конте кога дозна кој ќе биде новиот стратег на Рома:

Искусниот португалски стратег, кој пред само неколку седмици доби отказ од Тотенхем, на клупата на Рома ќе седне како замена на Фонсека.