• Саше Љолес
Поранешната холандска фудбалска ѕвезда, Кларенс Сидорф, зборуваше со шпанските медиуми по натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, истакнувајќи дека бил разочаран од односот на дел од најдобрите играчи на „кралевите“.
„Знам дека поздравите беа упатени кон горниот дел од трибината. Таму седеа навивачите на Реал Мадрид, но имаше и гестикулации кон домашната публика кои беа крајно невкусни, неспортски и непрофесионални.
Јас не би го толерирал тоа, тренерот мора да поразговара со нив, зашто тие треба да бидат пример за сите. Видов одвратни работи што не би сакал да ги коментирам пред камери“, рече Сидорф.
„Кралскиот“ клуб успеа на пенали да го елиминира градскиот ривал и закажа четвртфинален двомеч со Арсенал во Лигата на шампионите.