• Горан Упале
Eкипата на Хајдук викендов им се врати на победите во домашниот шампионат, откако пред својата публика со 2-0 го совлада тимот на Локомотива. Но, овој дуел се најде во центарот на вниманието поради една спорна ситуација, поточно првиот гол на тимот од Сплит.
Снимката покажува дека асистентот Ливаја се наоѓа во недозволена офсајд ситуација, но ниту судиите на теренот, ниту ВАР не се огласија и голот на Ребиќ беше признат. За оваа ситуација се огласи славниот хрватски фудбалер Јошко Јеличиќ.
„Господа од ВАР собата, се шегувате ли? Ја навредувате нашата интелигенција. Знам дека „невините“ ќе ги оправдаат своите „апостоли“, но ова е потценување на нашата интелигенција. Знам дека судиите се плашат од Ливаја, но не знаев дека и ВАР се плаши од него. Нашата лига не може да дозволи ова да се случи“, рече Јеличиќ.
Хајдук на крај извојува победа од 2-0, а стрелец на вториот гол беше Калик.






