• Мартин Танасковски
Екипата на Шалке 04 останува на дното во Бундеслигата и важи за еден од кандидатите за испаѓање, затоа што во дуелот со РБ Лајпциг доживеа понижување (1-6) и тоа пред домашната публика.
- Извештај од натпреварот:
Тимот од Гелзенкирхен по 17 одиграни кола има само две победи и тешко е да се верува дека може да се спаси. „Биковите“ беа немилосрдни против ривалот, а победата која беше убедлива ја најавија уште во првото полувреме по кое водеа со 0-4.
Андре Силва постигна два гола во воведните 45 минути, а по еднаш стрелаа Хенриш и повратникот Тимо Вернер. Во вториот дел, Шалке даде почесен гоп преку Козуки, а дебаклот на домаќинот го комплетираа Олмо и Поулсен.
РБ Лајпциг е на второто место во Бундеслигата со 32 освоени бода, три помалку од лидерот Баерн Минхен.