РБ Лајпциг се откажа од најпознатото име, во јануари може да си оди

Германскиот напаѓач Тим Вернер доби дозвола да го напушти РБ Лајпциг во зимскиот преоден рок. Ова е епилогот од разговорот на Вернер со спортскиот директор Рувен Шредер, пишува „Билд“.

Вернер моментално е дури четвртата опција во нападот на „биковите“, зад Луј Опенда, Бенјамин Шешко и Јусуф Полсен.

Сезонава мака мачи со повреди, а поради тоа е загрозен неговиот настап на Европското првенство следната година во татковината. Тој забележа само тринаесет настапи и многу ограничена минутажа, а постигна два гола и забележа една асистенција.

Се пишуваше дека за него се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но во тоа нема многу вистина. Ова е втор мандат на Вернер во РБ Лајпциг, по оној во периодот од 2016 до 2020 година, кога се пресели во Челзи, во кој баш и не се прослави.