РБ Лајпциг сака да го продаде Елмас, но нема конкретни понуди

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас не добива вистинска шанса во РБ Лајпциг и ќе го напушти клубот во овој преоден рок, пишуваат од Германија.

Бундеслигашот сака да го продаде Елмас, играчот исто така нема ништо против тоа со цел да добие поголема минутажа, но, постои проблем. Тоа е што нема конкретни понуди на адреса на РБ Лајпциг.

Се споменуваа повеќе клубови, како Фиорентина и Фенербахче кои беа заинтересирани, но тоа беше позајмица, а не трансфер. Елмас пристигна во РБ Лајпциг од редовите на Наполи каде имаше редовен играчки статус.

Договорот меѓу РБ Лајпциг и Ељиф Елмас е до 2028 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.