ВИДЕО: РБ Лајпциг продолжи да игра „топло-ладно“ и загуби дома од Баер

Фудбалерите на РБ Лајпциг продолжија со играта „топло-ладно“ и го запишаа петтиот пораз во Бундеслигата, на домашен терен од Баер Леверкузен со 1-3 (0-2). Гостите на „Ред Бул Арена“ подобро ги искористија своите шанси и прокнижија три бода. 

  • Извештај од натпреварот:

Само осум минути им беа потребни на „фармацевтите“ да дадат гол, но погодокот на Диаби беше поништен поради офсајд. Сепак, Флориан Вирц успеа да реализира по асистенција на Паласиос, па Баер поведе во 21. минута. До полувремето Муса Диаби сепак успеа да се запише меѓу стрелците, по проигрување од стоперот Тах (0-2). 

Во продолжението Лајпциг заигра доста подобро, притисна и тоа резултираше со гол на Андре Силва за 1-2 во 62. минута. Радоста траеше кратко, бидејќи само две подоцна младиот Џереми Фримпонг погоди за враќање на двојната предност за гостинот од Леверкузен. До крајот на дуелот шанса за враќање во мечот испушти Доминик Собослаи кој промаши пенал. 

Баер Леверкузен по тринаесет кола во Бундеслигата има 24 бода и е трет, додека РБ Лајпциг со 18 се наоѓа на осмото место.

Состави

Domenico Tedesco

4-4-2

    Gerardo Seoane

    4-2-3-1