• Мартин Танасковски
Раководството на РБ Лајпциг сериозно смета на дополнителни приходи од фудбалерите кои моментално се испратени на позајмица, а вкупната сума би можела да надмине 80 милиони евра.
Клубот во моментов има девет играчи на позајмица, меѓу кои се Лоис Опенда, Лутшарел Геертруида, Абдул Коне, Ељиф Елмас, Фредерик Јекел, Тимо Шлик, Роберт Рамсак, Јонатан Норбај и Жојо Масанка Бунги.
Најголем потенцијал за заработка се очекува од можните трајни трансфери на Опенда, Геертруида и македонскиот репрезентативец Елмас, кои привлекуваат интерес од повеќе клубови на европскиот пазар.
Во Лајпциг внимателно ја следат ситуацијата со овие играчи, со цел да донесат оптимални одлуки кои ќе обезбедат финансиска стабилност. Наполи според првичните информации е подготвен да го откупи Елмас за сума од 17.000.000 евра.










