РБ Лајпциг го стави Ељиф Елмас на трансфер-листата

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде дел од плановите на РБ Лајпциг за новата сезона и се очекува повторно да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок.

Иако ги започна подготовките со германскиот бундеслигаш под водство на новиот тренер Мартин Демикелис, аргентинскиот стратег веќе му соопштил дека може да бара нов клуб.

Според германскиот весник „Билд“, Демикелис составил листа од седум фудбалери на кои нема да смета во претстојната сезона. Покрај Елмас, на неа се наоѓаат и Гертруда, Вермерен, Клостерман, Банзузи, Хардер и Битшиабу.

Елмас не успеа да се наметне во Лајпциг по трансферот од Наполи, а во изминатиот период настапуваше како позајмен фудбалер, најпрво во Торино, а потоа и во својот поранешен клуб Наполи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.