ВИДЕО: РБ Лајпциг го сруши Баерн, Борусија држи сè во свои раце за титула!

Фудбалерите на РБ Лајпциг успеаја да направат вистински хаос во трката за титулата, откако го совладаа Баерн Минхен со 1-3 (1-0) во претпоследното коло на Бундеслигата. Сега, баварците повеќе не држат сè во свои раце, бидејќи ако Борусија Дортмунд ги добие последните два натпревари од сезоната, ќе стане првак.

  • Извештај од натпреварот:

Сè тргна според планот во дербито на колото за тимот од „Алијанц Арена“. Домашната публика ја израдува Серж Гнабри, кој во 25. минута од средбата го отвори резултатот по асистенција на Милер (1-0). Баварците имаа неколку шанси, се обидуваа Музиала и Милер, меѓутоа не успеаја. Гостинот од Лајпциг беше опасен, редеше удари преку Собослаи, Нкунку, Олмо... Сепак, до полувремето немаше резултатски промени. 

Во продолжението се тргна мирно, меѓутоа Лајпциг дојде до израмнување. Течеше 65. минута кога Конрад Лаимер биеше прецизно и низ блокот, поставувајќи го резулатот на 1-1. Следеше серија промени на двете страни и мал пад на темпото. Бргу гостите дојдоа до пресврт, бидејќи добија казнен удар. Сигурен од 11 метри беше Кристофер Нкунку, па од 76. минута Лајпциг поведе со 1-2

Баерн имаше една добра шанса по вториот примен погодок, преку Матис Тел, меѓутоа голманот Бласвич одбрани. Хоророт за домаќинот продолжи откако Мазрауи играше со рака, па Лајпциг пак доби пенал. Овојпат одоговрноста ја презема Доминик Собослаи, поставувајќи го конечниот резултат (1-3) во 86. минута. 

Ситуацијата во трката за титулата е јасна, Борусија Дортмунд со две победи над Аугсбург и Маинц во 33. и 34. коло ќе дојде до првото место. 

Состави

Томас Тухел

4-1-4-1

    Марко Розе

    4-4-2