• Зоран Мишевски
Пет гола на последните два натпревари од третото коло на Бундеслигата.
Фудбалерите на РБ Лајпциг го победија Унион Берлин на гостински терен со 0-3, во последниот натпревар од третото коло на германската Бундеслига. Стрелци за победничкиот тим беа Чави Симонс во 51. минута и Бенџамин Шешко во 85. и 87. минута. Првите минути за новиот клуб од Берлин ги одигра Леонардо Бонучи.
- Унион Берлин - РБ Лајпциг 0-3:
Фудбалерите на РБ Лајпциг во следното коло од германскиот шампионат ќе го пречекаат Аугсбург, додека Унион Берлин ќе му гостува на Волфсбург.
- Ајнтрахт Франкфурт - Келн 1-1:
Ајнтрахт и Келн попладнево одиграа нерешено 1-1. Ајнтрахт е десеттиот тим во лигата со пет бодови, додека Келн е на 14. позиција со еден бод.
Во следното коло екипата на Франкфурт гостува кај Бохум, додека ќе му гостува на Хофенхајм.