ВИДЕО: РБ Лајпциг го победи Сити и фати пат за Лига Европа

Екипата на РБ Лајпциг успешно се прости од Лигата на шампионите. Бундеслигашот дома зеде голем скалп, го совлада лидерот Манчестер Сити (2-1), но и покрај тоа патува во Лигата на Европа како третопласиран тим во групата.

  • Извештај од натпреварот:

Работите во оваа група беа јасни. Сити оди во нокаут-фазата како лидер, ПСЖ е втор, а и двата тима имаат далеку повеќе бодови од РБ Лајпциг. Така, победата на „биковите“ под водство на новиот тренер Бејерлорцер е пирова, но носи сатисфакција и добра финансиска заработка пред селидбата во второто натпреварување на УЕФА.

Дуелот почна стандардно по планот на Сити, премиерлигашот држеше топка и РБ Лајпциг беше далеку од голот на Штефен. Сепак, по една контра во 24. минута, Соболсаи успеа да ја смести топката во мрежата на премиерлигашот. До финишот на првото полувреме и двата тима имаа добри шанси, ама голманите блескаа.

Вториот дел тргна доста мирно, немаше шутеви во рамки на голот, се до 71. минута кога Форсберг зголеми на 2-0. Неколку минути подоцна „граѓаните“ преку Ријад Марез се вратија во натпреварот (2-1), но Кајл Вокер доби црвен картон на десет минути пред крајот и бројчаната предност на теренот си го направи своето.

Манчестер Сити групната фаза ја заврши со 12 бода на лидерското место, пред ПСЖ со 11 бода, додека РБ Лајпциг е трет со седум бода. Фенерџија е Клуб Бриж, кој имаше добар старт, но потоа падна и финишира со четири освоени бода.

Состави

Domenico Tedesco

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-3-3