• Горан Упале


РБ Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт ја спуштаат завесата на сезоната во Германија. Четата на Оливер Глазнер, помалку неочекувано, стигна до седмата позиција во последното коло и така в џеб ја има Конференциската лига. В сабота ќе игра за чекор повеќе – пласман во Лигата на Европа. „Саксонците“ повторно се во Лигата на шампионите, основната цел ја исполнија и растеретени, но силно мотивирани доаѓаат во финале. Влогот е вториот трофеј во кратката историја на клубот.
РБ Лајпциг е во подобра форма – има девет победи на последните десет натпревари – има поквалитетни поединци, од кои двајцата најдобри последен пат играат во овој дрес (Нкунку и Собослаи), па ќе имаат голема желба да се простат на вистински начин, со трофеј в раце.
Сите квоти во МОZZART за финалето од Купот на Германија
Ајнтрахт најголеми надежи полага во вториот стрелец на Бундеслигата и својата „прва виолина“ Рендал Коло Муани, односно во опоравениот Данец, Јеспер Линдстром.
Во тековната сезона Лајпциг го доби Ајнтрахт пред своите навивачи со 2-1. Во Франкфурт беше 4-0 за ланскиот освојувач на Лига Европа. На четири натпревари претходно беше нерешено, сите со 0-2 гола.
Одбраната на Ајнтрахт е порозна, нападот на РБ Лајпциг еден од најдобрите во Германија, меѓутоа голеада е под знак прашалник. Сепак се работи за финале, натпревар за трофеј...