Разочарувачко реми на „Местаља“ помеѓу Валенсија и Реал Сосиедад

Валенсија

Екипите на Валенсија и Реал Сосиедад ја разочараа публиката на „Местаља“ и одиграа реми без голови во 23. коло од Примера.

Двете екипи се борат за местата кои водат во Европа оваа сезона, па овој резултат и не е така лош за нивните амбиции. Гостите имаа поголем посед на топка, но напаѓачите на двете страни денес немаа свој ден. Голманите практично беа без посериозна интервенција по закана кон нивниот гол, па конечниот резултат можеби е најправеден.

Следната недела за Валенсија ќе донесе нов домашен меч против Еспањол, а за тимот од Сан Себастијан следува дуелот пред своите гледачи против Леганес.