Разочарувачки бројки: Јунајтед десет меча во низа на гости не знае за победа

Оле

Кризата на Манчестер Јунајтед продолжи на гостувањето кај АЗ Алкмаар во рамки од Лига Европа.

Оле Гунар Солскјер се чини ќе ги сруши сите негативни тренерски рекорди во само една сезона. Колку неговиот тим игра очајно покажуваат бројките, кои ја потврдуваат лошата форма на „црвените ѓаволи“.

Цели десет натпревари по ред гигантот од „Олд Трафорд“ не знае за победа, нешто што се нема случено од далечната 1989 година. Последен успех е оној кај ПСЖ во Лигата на шампионите.

Шанса за прекин на серијата, Јунајтед ќе има на „Сент Џејмс Парк“, каде ќе игра против претпоследнопласираниот Њукасл.