„Разочаран сум од свирежите, го осудувам тоа што се случи во Скопје...“

Дарко Тасевски

Бугарија со еден погодок го доби второто соочување против Македонија во Лига Ц од Лигата на нации. Капитенот Кирил Десподов беше херој на нашиот источен сосед.

Пред почетокот на мечот, бугарската химна доби свирежи, што беше запишано во записникот на делегатот. Се очекува реакција од УЕФА, која многу веројатно ќе изрече санкција за однесувањето на македонските фанови во Скопје.

„Бев на вториот натпревар во Скопје, како и на мечот во Разград. За мене беше големо разочарување од тоа што го видов. Навистина жалам за тоа што се случи. Ова не е став и мислење на мнозинството во Македонија. Бев и на првиот меч во Разград и немаше таков однос кон македонската химна. Сè беше нормално и засновано на почит на спортски настан. Го осудувам тоа што се случи во Скопје.

Ги познавам момците од двата тима и сигурен сум дека не го прифаќаат тоа што се случи на натпреварот. Сигурен сум дека ако наскоро има уште еден ваков натпревар на репрезентативно или клупско ниво, ова нема да се повтори. Наместо да ги подобруваме нашите односи како соседни земји, ние ги влошуваме со ваквите постапки на поединци. Тоа е жално. Разговарав со луѓе од Македонскиот фудбалски сојуз и ми признаа дека се разочарани од однесувањето на навивачите при изведувањето на бугарската химна“ , вели поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски.

Бугарите во последното коло скокнаа на втората позиција на табелата, на сметка на Македонија, која заврши на третото место.

Состави

Благоја Милевски

4-4-2

    Georgi Aleksandrov Ivanov

    4-4-2