„Размислував за пензија по оние 6-1 во Барселона...“

Матуиди

Еден од најголемите пресврти во историјата на Лигата на шампионите се случи пред две години. Барселона загуби на гости кај ПСЖ со 4-0, но успеа да направи епски подвиг и победи со 6-1 на домашен терен на „Камп Ноу“.

Во тогашниот среден ред на „принцевите“ играше Блес Матуиди кој откри дека беше блиску до пензија поради тој болен пораз.

„Размислував да се повлечам од фудбалот по тој пораз во Барселона. Набрзо пристигна понуда од Јувентус, што беше промената која ми требаше. Не велам дека ПСЖ е лошо место, но Торино е вистинската средина за мене во овој дел од животот. Тука имам поголеми шанси за титула во Лигата на шампионите“, изјави Французинот.

Луис Суарез ја отвори голеадата, а Серхи Роберто во 95. минута го обезбеди шокот за францускиот првак.