• Мартин Танасковски
Пари Сен Жермен не успеа да дојде до европскиот трон, но првото европско финале на тимот од „градот на светлината“ му го донесоа богатите Шеици кои формираа дрим-тим во кој во изминатите девет години вложија 1,3 милијарди евра само за засилувања.
Од 2011 година па до денес низ вратата на ПСЖ влегоа и излегоа многу нови играчи. Најзвучното име беше Нејмар кој „светците“ ги чинеше 222 милиони евра, што е светски трансфер-рекорд.
Но, како изгледаше ПСЖ пред Арапите да влезат во екипата? Најзвучни имиња беа двајца Французи - Клод Макелеле и Лудовик Жили. И двајцата беа на залезот на кариерите. Колку за споредба на работата на Шеиците, ПСЖ во сезоната 2010/11 потроши само девет милиони евра на трансфери.
Најскап трансфер беше оној на Нене кој од Монако се пресели во Париз за пет милиони евра. Во продолжение, погледнете ги составите на ПСЖ во 2010 и во 2020.