• Горан Упале
Европското првенство за жени заврши со финалниот натпревар одигран во неделата о Базел, но „третото полувреме“ сè уште е во тек. И во Англија, од каде доаѓаат старо-новите владетели на стариот континент, и во Шпанија, чии шампионски амбиции беа „закопани“ по изведувањето на пеналите.
Еден ден по финалната средба во центарот на вниманието се двете селекторки, со таа разлика што позицијата на едната само се зацврсти, додека столот на другата се ниша. Сарина Вигман командуваше со Ангичанките и на ова ЕУРО, па затоа не мора да се грижи за својата иднина во англиската селекција, а само некои лични амбиции, можат да ја одвлечат од нејзината сегашна работа.
Пред таков можен пресврт на настаните, таа ќе ужива во утрешниот церемонијален пречек, на улиците на Лондон, а централната прослава ќе се одржи пред Бакингемската палата, при што организаторите веруваат дека ќе бидат присутни неколку стотици илјади луѓе.
Монсерат Томе, по освојувањето на Лигата на нации, не ѝ донесе на Шпанија европска круна под нејзино водство, но тимот остави силен впечаток на турнирот. Дури и во самото финале, каде што „црвената фурија“ ја имаше топката во своите нозе 65 проценти од времето и создаде многу повеќе шанси.
Сепак, ова можеби нема да биде доволно за таа да избегне отказ или, поблагородно, да не добие продолжување на соработката. Второспоменатиот беше планиран пред почетокот на првенството во Швајцарија, но беше одложен за по него, а во меѓувреме, меѓу домашната јавност почнаа шпекулации дека сегашниот менаџерски тим во федерацијата сака нови кадри.
ФОТО/PHOTO: Lionesses (Х)
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

