Разиграните „топџии“ нов предизвик за Манчестер Јунајтед

Јунајтед

Арсенал имаше почеток на сезоната за заборав, а Јунајтед многу задоволувачки, но потоа двата тима доживеаја пресврт за 180 степени. Црвените ѓаволи загубија и делеа бодови лесно, додека топџиите со победничка серија дојдоа доста близу до зоната која води во Лигата на шампионите. Добрата низа на Арсенал заврши со дебаклот кај Ливерпул на „Енфилд“ (4-0), а заедничко за двата тима е што во блиското минато доживеаја високи порази од страна на Редси. Делува дека великанот од „Емирати“ го преболи потопот со победата над Њукасл на домашен терен, додека Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“ ја исполни главната цел – не загуби.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Премиер лигата >>>

Со самото тоа, дербито на „Олд Трафорд“ со кое ќе биде затворено 14. коло во Премиер лигата доста ветува, а носи и голем влог. Арсенал е на делба на четвртата позиција со Вест Хем и во случај да го освои „театарот на соништата“ може да го престигне градскиот ривал. Јунајтед е под значително поголем притисок – без разлика дали екипата ќе ја води Мајкл Керик или новиот тренер Ралф Рангник – затоа што мора да се победи. Експериментот на Керик на гости кај Челзи и оставањето на Роналдо на клупата од стартот донесе некој резултат, но прашање е дали Португалецот може да го нема во стартниот тим на два меча по ред?

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Манчестер Јунајтед - Арсенал >>>

На спротивната страна, Арсенал ниже победи над објективно полсаби ривали. Меѓутоа, кај тимот оптимизам влега фактот дека на последните пет натпревари во Премиер лигата со овој ривал славеа трипати, со уште два реми исхода. Плус, го ограничија тимот од Манчестер на само еден постигнат гол. Така, три и пол години Манчестер Јунајтед не го победил Арсенал во првенството.