Разговорот меѓу Ачерби и Халанд стана хит: „Цел меч ме влечеш, го сакаш сега мојот дрес?“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер одиграа натпревар без голови на „Итихад“ во рамки од првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите, а еден од деталите на натпреварот се случи по неговиот крај.

Тогаш Ерлинг Халанд му пријде на стоперот на Интер, Франческо Ачерби и го праша дали го сака неговиот дрес, бидејќи го влечеше цел натпревар. Италијанскиот дефанзивец веднаш му кажа дека веќе има два од претходните дуели, што и двајцата ги насмеа, а притоа Халанд употреби и една пцовка.

Инаку, Ачерби одигра фантастична одбрана против еден од најдобрите напаѓачи во светот, што резултираше со голем бод на Интер на ова гостување. 

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-2-1

    Симоне Инзаги

    3-5-2