Раздвижено во Силекс пред европското лето: Трансфери и нови договори!

Екипата на Силекс се подготвува за европското лето. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија гради тим за периодот кој следи а веќе има и пикови за нови засилувања, како и играчи кои веќе го напуштија тимот.

Во новата сезона, дел од Силекс нема да бидат Милош Николиќ кој оди во пензија, Мигел Пиреш оди во Вардар, потоа Ади Алиќ, додека Дарко Додев чека на трансфер во странство надвор од Првата македонска фудбалска лига. На цена доби и капитенот Дарко Анѓелевски, кој може да си замине ако за него пристигне добра понуда на адреса на Силекс, а исто така се чека и на статусот на Мартин Мирчевски.

Кај новитетите, се очекува Силекс на Александар Васоски да добие нов десен бек, првиот пик на пазарот е Борјан Пановски од Башкими, за кого од клубот се чека потврда. Има и играчи кои ќе останат да ги бранат боите на Силекс и во европските натпревари со нови договори, тоа се браќата Љупче и Ѓорѓе Џекови, Илија Донов, Иван Шуберт и Кристијан Ефтимов.

Силекс ќе игра во Конференциската лига на УЕФА во првото квалификациско коло, а заради слабиот евро-коефициент ќе биде меѓу неносителите на ждрепката која ќе се одржи овој месец. Тимот наскоро ќе означи старт на подготовките и ќе има појасна слика за ростерот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународната сцена.