Раул падна место подолу, Левандовски застана зад Меси и Роналдо

Левандовски

Легендарнииот Раул Гонзалез долго време важеше за најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Меѓутоа Кристијано Роналдо и Лионел Меси се погрижија тоа да се промени и застанаа на првите две позиции.

До вечерва, Шпанецот го делеше третото место со Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач со погодокот против Лацио стигна до 72 погодоци и се осамостои пред поранешниот голгетер на Реал Мадрид.

Првиот стрелец на германскиот гигант со денешниот има 95 настапи во елитното натпреварување. Првите 17 погодоци ги постигна како член на Борусија Дортмунд, а останатите 55 во баварскиот дрес.

Роналдо стои на 134, а Меси го брка и заостанува со 119 реализации.