ВИДЕО: Раул Хименез се радуваше со маска на лицето, ривалите му удрија сеир по поразот

Лудо полуфинале на ФА Купот одиграа Вотфорд и Вулверхемптон на „Вембли“, а „стршлените“ од Лондон славеа со пресврт со 3-2 по продолжение. Иако главна ѕвезда беше Делофеу, еден детаљ и денес се коментира.

Најскапиот фудбалер во историјата на Вулверхемптон, Раул Хименез постигна прекрасен гол и ја зеде претходно сокриената маска да се израдува пред фановите на својата екипа.

  • Голот на Раул Хименез и радоста со маска на главата: 

По натпреварот полемично искоментира Трој Дини од Вотфорд, кој му „удри“ сеир на Мексиканецот, па понесе лавина од иронични коментари на социјалните мрежи. 

Во финалето на ФА Купот во мај на „Вембли“ ќе се сретнат Вотфорд и Манчестер Сити.