„Раул беше како Кристијано и Меси, ама заедно...“

Раул

Ретко кога некој се осмелува да спореди некој фудбалер со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Можеби легендите како Пеле и Марадона заслужуваат да бидат во иста реченица со најдобрите фудбалери во денешницата.

Дека секој им дава предност на играчите од својата ера докажува изјавата на Лео Франко. Поранешниот аргентински голман зборуваше за неговиот фудбалски идол - Раул Гонзалез.

„Најдобар напаѓач за мене е Раул Гонзалез. Тој во мојата ера беше она што се Роналдо и Меси заедно во денешно време. Беше фантастичен“, изјави аргентинскиот интернационалец.

Најголемиот дел од кариерата Франко го мина во Шпанија. Таму играше за Мајорка и Атлетико Мадрид и често беше на спротивната страна на легендарниот голгетер на Реал Мадрид.