Растодер погоди двапати во лудиот меч со 11 ГОЛА во Швајцарија!

Екипата на Тун е шампион на Швајцарија, а до крајот на шампионатот има уште едно коло. Во претпоследната рунда, Тун и Јанг Бојс одиграа неверојатен натпревар кој понуди 11 гола.

Сензацијата Тун беше домаќин на стариот првак на Швајцарија, а бодовите ги однесе Јанг Бојс кој верувале или не победи со 8-3 (3-2). Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер даде два гола за Тун, двата во првиот дел, за водство од 2-1, а потоа следеше крах.

Тун доби црвен картон пред полувремето, па Јанг Бојс го искористи тоа и ја наполни до врв мрежата на противникот. Растодер е трет стрелец во швајцарската Суперлига со 15 постигнати гола.