Распродажба во Барселона: Девет фудбалери конкурираат за само три места

Барселона

Ова лето, екипата на Барселона ќе направи неколку промени во својот ростер. Се очекува да пристигне Нејмар од ПСЖ, а ремонтот е важен не само поради неговото доаѓање, туку за да се ослободи место од големата конкуренција.

Ернесто Валверде има „слатки маки“ и со доаѓањето на Антоан Гризман ќе има проблеми да го состави нападот наредната сезона. 

Негов проблем исто така ќе биде средниот ред каде има девет фудбалери, а само три слободни места. Претседателот на клубот ќе мора да пронајде решение до крајот на преодниот рок со цел да се избегнат непосакувани проблеми.

За место во средниот ред конкурираат Бускетс, новото засилување Де Јонг, Ракитиќ, Алења, Артур, Серџи Роберто, Видал, Рафиња и Кутињо.

Вчера одекна информација дека Барса понудила 100 милиони евра плус двајца играчи по избор за услугите на Нејмар. Останува да видиме дали Бразилецот ќе го направи посакуваниот кам-бек на „Камп Ноу“.