ВИДЕО: Расизам во Италија - фанови на Каљари со расистички крици кон Кин од Јуве

По случајот со Рахим Стерлинг во Подгорица, за кој УЕФА веќе поднесе дисциплинска постапка, на повидок е нов расистички скандал во елитниот фудбал. Еден сектор од навивачите на Каљари постојано со мајмунски крици и расистички извици го навредуваа црномурестиот фудбалер на Јуве, Моис Кин.

Младиот италијански репрезентативец со африкански корен во самиот финиш постигна гол за 0-2 и застана пред таканаречените навивачи кои продолжија да го навредуваат.

  • Голот на Кин и расистичките извици на навивачите на Каљари:

Тренерот на Јуве, Алегри ги осуди расистите, но му порача на Кин да остане мирен и да не возраќа со реакција и да им дава дополнителна важност и причина за нови извици.

Со голема веројаатност Каљари ќе биде казнет, а можно е „Сант Елиа“ да биде затворена за овој испад кој во најсилните европски национални првенства не се толерира.