Расизам во Франција: Црнокожа фудбалерка добивала банани „на подарок“!

Австралиската фудбалерка Мери Фаулер, поранешен член на Монпелје, во нова книга тврди дека била сведок на огромен расизам кон темнокожите девојки додека настапувала за францускиот клуб. 

Фаулер во еден дел од книгата дава изјава каде тврди дека таа и нејзина соиграчка добивале банани како „подарок“ за збогување со член на екипата, но и во други „свечени приилики“. Овој, и уште многу слични настани беа опишани како „секојдневен расизам во Франција“. 

Понатаму продолжува велејќи дека многу често кога целиот тим добивал цвеќиња за добар настап, овие фудбалерки повторно „биле изоставени од протоколот“. Многумина во Франција се чудат на овие наводи, но има дел од јавноста која ја поддржува Фаулер и го признава проблемот во државата. Во секој случај, актуелната фудбалерка на Манчестер Сити конкретно се задржува на случувањата во клубот, а не на целокупната слика за земјата. 

Изјавата предизвика големо внимание во јавноста, па затоа се „вклучија“ дури и властите на Монпелје, кои тврдат дека „расизам на секојдневно ниво не постои во нивниот град“.