ВИДЕО: Расистичките извици на фановите на Рад, го расплакаа Евертон, па им покажа среден прст

Српскиот фудбал на почетокот од пролетниот дел го тресе голем скандал. Бразилецот Евертон Луиз беше мета на навивачите на Рад кои кон него упатија расистички навреди и гестикулации, а тој возврати, покажувајќи им го средниот прст. 

Младиот Бразилец заплакал по целиот настан, а го тешеле неговите соиграчи и тренерот на Партизан, Марко Николиќ.

„Ја сакам Србија и овде со моето семејство се чувствуваме како дома. Заради навредите кои беа упатени кон мене во текот на целите 90 минути не можев да ги сокријам солзите“, рече Евертон по натправарот.

Партизан славеше со 0-1 против Рад во гости во мечот од првото пролетно коло во српската Супер лига