Рашо од Работнички се пресели во АЕЛ Лимасол

Младиот дефанзивец кој во ланската сезона настапуваше за Работнички, Момчило Рашо, ова лето ги напушти „романтичарите“ и во иднина ќе настапува на Кипар.

Нова дестинација на црногорскиот фудбалер кој има 21 година е АЕЛ Лимасол, клуб кој се натпреварува во кипарската елита. Некогашниот „романтичар“ со тимот потпиша тригодишен договор.

Стоперот во Работнички пристигна во 2016 година, кога тренер беше Виктор Треневски. Во Првата лига во кариерата одигра 41 натпревар, а беше дел и од ланските мечеви од квалификациите за Лигата на Европа.

Покрај за Работнички, Рашо во кариерата настапуваше и за црногорски Игало и Дечич, како и чешки Усти над Лабем. Во редоцвите на АЕЛ Лимасол друштво на Црногорецот ќе му прават двајца Македонци - Давор Здравковски и Кире Маркоски.