Рашфорд: Оле е вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд летово го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, а првиот стрелец на „ѓаволите“ оваа сезона открива дека во ниту еден момент не помислувал за напуштање на клубот од „Олд Трафорд“. 

Англискиот напаѓач можеби е единствената светла точка со офанзивата на Јунајтед оваа сезона која повторно е под очекувањата. Но, покрај лошите резултати тој истакна дека Оле Гунер Солскјер е вистинскиот човек за клупата на трофејниот клуб. 

„Кога разговарав со Оле видов дека двајцата сме на иста страна. Тој сака клубот да оди напред и затоа воопшто не размислував за новиот договор. Размислувам како да ја подобрам мојата игра, но и на клубот.

Солскјер е одличен тип и во срцето му е интересот на клубот и како да го направи Манчестер Јунајтед помоќен. Затоа мислам дека нема подобра опција од него за оваа функција“, рече Рашфорд. 

Манчестер Јунајтед е седми на табелата во Премиер лигата со 16 бода, дури девет помалку од градскиот ривал Сити, кој се наоѓа на четвртата позиција.