Рашфорд и со болки ќе настапи против Ливерпул!?

Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе стегне заби и ќе настапи на дуелот против Ливерпул, иако се повреди на мечот со Вулверхемптон.

Најдобриот стрелец на „црвените ѓаволи“ се надева дека болките нема да бидат толку големи за да го спречат да истрча на „Енфилд“. Најголемото англиско дерби се игра в недела, а англискиот репрезентативец засега задоволително одговара на третманот.

Медицинскиот тим на екипата работи напордно за да го врати во посакуваната физичка форма. Од клубот не сакаат да слушнат за ризик и внимателно ќе ја следат ситуацијата до последниот момент во пресрет на натпреварот. 

Англичанецот, кој во тековната сезона 19 пати се запишал во листата на стрелци, е подготвен да настапи со инјекции кои ќе ја спречат евентуалната болка.

Тимот на Оле Гунар Солскјер е единствената екипа во Премиер лигата која му откина бодови на лидерот на табелата.