Рашфорд го пропушта почетокот на новата премиерлигашка сезона

Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе мора да оди на операција и поради тоа нема да биде дел од екипата на почетокот на новата сезона.

23-годишникот беше дел од англиската репрезентација на изминатото Европско првенство. На истото промаши еден од трите пенали поради кои Англија остана без европска титула во финалето со Италија. Голгетерот има мали проблеми со рамото. Истите одлучи да ги решава со оперативен зафат, непосредно пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Оваа повреда му донесе ограничена минутажа на европскиот шампионат. Селекторот Герет Саутгејт сакаше на теренот да ги има најдобрите репрезентативци.

Рехабилитацијата на Рашфорд ќе трае околу дванаесет недели. Првото коло за Јунатед носи домашен дуел со Лидс Јунајтед.