Рашфорд евроголот со Велс му го посвети на пријател кој почина пред два дена

Фудбалската селекција на Англија забележа лесна победа над Велс и со седум бода и лидерска позиција патува во осминафиналето на Светското првенство во Катар

Човек на одлука на „Гордиот Албион“ беше Маркус Рашфорд, кој постигна два гола, од кои првиот беше спектакуларен, но и емотивно прославен. Имено, откако го постигна својот прв гол, Рашфорд падна на колена и покажа кон небото во чест на пријателот Гарфилд Хејворд, кој почина два дена пред натпреварот по долга борба со ракот.

„Тој секогаш ми беше голем поддржувач. Беше одлична личност и среќен сум што влезе во мојот живот, навистина. Овој гол беше посветен на него“, рече Рашфорд, кој потоа исткна дека е многу задоволен од својот настап против Велс.

Англија во осминафиналето ќе се сретне со Сенегал, а таа средба е закажана за в недела.