ВИДЕО: Рашфорд е прав мајстор, Јунајтед подобар од Челзи во Карабао Купот

Екипата на Манчестер Јунајтед патува во наредната фаза од Карабао Купот, затоа што како гостин на „Стемфорд Бриџ“ го совлада Челзи (1-2).

  • Извештај од натпреварот: 

Човек на одлука на англиското дерби беше Маркус Рашфорд, кој постигна два гола во мрежата на Кабаљеро и ги однесе „ѓаволите“ на Оле меѓу најдобрите осум во Карабао Купот.

Првиот погодок Рашфорд го даде од пенал во 25. минута, додека вториот пристигна во 73. минута и беше постигнат атрактивно, од слободен удар. Претходно, за Челзи стрелец беше Мичу Батчуаији, кој реализира во 61. минута од натпреварот во Лондон.

Во наредната рунда оди и Астон Вила, која со 2-1 беше подобра од Вулверхемптон. Ждрепката за четвртфиналето на Карабао Купот ќе биде одржана вечерва.