• Зоран Мишевски
Давиде Анчелоти нема да биде менаџер на Глазгов Ренџерс, туку Англичанецот не го предводи трофејниот шкотски клуб.
Расел Мартин е новиот тренер на Глазгов Ренџерс. Тој потпиша тригодишен договор со челниците на клубот од Глазгов и ќе се обиде да ја прекине доминацијата на вечниот ривал Селтик во шкотската Премиер лига.
На клупата тој го наследи Бери Фергусон, кој го водеше тимот како привремен тренер од февруари до крајот на сезоната. Во својата тренерска кариера досега, Мартин ги предводеше Саутемптон, Свонси и МК Донс.
Со Саутемптон избори промоција во Премиер лигата, пред две сезони, но поради лошите резултати, беше отпуштен во текот на сезоната.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.