• Горан Упале
Во првиот натпревар од 13. коло на Премиер лигата, фудбалерите на Брајтон и Саутемптон одиграа без победник (1-1). Тимот на Фабијан Хурцелер сега привремено го зазеде второто место на првенствената табела. Брајтон на тој начин го прескокна Манчестер Сити, кој и покрај поразот на последните три првенствени натпревари, остана на второто место зад Ливерпул.
Брајтон со шампионот има ист број бодови (23), постигнати (22) и примени голови(17), а следствено и иста гол-разлика, а „граѓаните“ ги надмина на табелата поради азбучниот ред, што е раритет во англискиот шампионат, кога во прашање се местата на табелата.
Првиот гол на натпреварот го постигна Каору Митома во 29. минута од натпреварот. Јапонецот извонредно истрча во празниот простор по центаршутот на Тарик Ламптеј и погоди со глава за водство на домашните. Брајтон на одмор замина со предност, но во продолжението од натпреварот за Саутемптон погоди Флин Даунс во 59. минута.