ВИДЕО: Рапсодија на Левандовски и Милер, нови три бода за Баерн

Актуелниот германски првак Баерн Минхен оствари сигурна победа на гостувањето кај Арминија (1-4) во 4. коло од Бундеслигата. Победникот беше познат уште по првиот дел. Баварците постигнаа три гола и потоа одиграа рутински, без голем ризик и чувајќи сили за следниот натпревар.

  • Извештај од натпреварот:

Голеадата ја најави Томас Милер, кој среќно стигна до топката и погоди на стартот од мечот. Потоа следуваше прекрасна завршница на Роберт Левандовски. Голгетерот на гостите го матира домашниот голман со силен удар од далечина.

Полскиот напаѓач се најде во улога на асистент во вториот дел, а неговиот центаршут го следеше Милер и рутински ја смести топката во мрежата по вторпат. Домашните фудбалери искористија контра напад само за да покажат дека и тие се дел од мечот. Доан успеа да го совлада Нојер и да намали на 4-1 по еден час игра. Вреди да се напомене дека фаворитот го заврши мечот со играч помалку затоа што исклучен беше Корентин Толисо на неколку минути пред крајот на средбата.

Баерн Минхен го забележа третиот триумф во новата сезона од Бундеслигата и во следната рунда ќе биде домаќин на Ајнтрахт Франкфурт.