ВИДЕО: Рапсодија на „Да Луж“ - Бенфика со ШЕСТ ГОЛА ја торпедира Брага

Во дерби натпреварот на 14. коло на португалскиот шампионат, фудбалерите на Банфика ја торпедираа Брага и на својот „Да Луж“ славеа победа од високи 6-2 (2-0).

Победата на тимот од Лисабон ја најави Пици во 19. минута, а Жардел во 39. минута погоди за 2-0 на полувреме. На стартот на вториот дел, Грималдо зголеми на 3-0, а надеж за гостите донесе погодокот на Соуса во 51. минута (3-1).

Но, во продолжение избраниците на Руи Виториа играа како во транс и со три гола за 13 минути (Јонас Гутиерез, Черви и Алмеида) во 67. минута поведоа со високи 6-1. Конечните 6-2 ги постави Новаиш во 73. минута.

По денешната победа Бенфика ја прескокна Брага на табелата и со 32 бода е на второто место, четири помалку од лидерот Порто, кој претходно со 2-1 го совлада Рио Аве.