Раниери: Среќен сум што се вратив во Премиер лигата

По пауза од неколку години легендарниот Клаудио Раниери се враќа во најквалитетното и највозбудливото фудбалско натпреварување на светот – Премиер лигата.

Искусниот италијански менаџер седнува на клупата на Вотфорд, клуб кој по лошиот старт на сезоната се реши за менаџерска смена и довербата му ја додели на шампионот во Премиер лигата во 2016 година. 

„Веднаш по последниот пораз, ми се јави Џино Поцо и ме праша дали сум слободен. Се договоривме и јас сум многу среќен што се вратив во Премиер лигата. Сакам да работам и да бидам присутен во клуб кој има добар проект. Големите тренери се вратија во Италија, а јас и Анчелоти сме во странство. Тоа е дел од глобализацијата во фудбалот. Ова ќе биде прекрасна авантура“, изјави Клаудио Раниери.

Италијанецот своето деби на клупата на Вотфорд ќе го има овој викенд, против шампионот од пред две години Ливерпул