Раниери: Не сакам Рома да си го губи времето со мене

Клаудио Раниери оваа сезона успеа да ја врати Рома на вистинскиот пат, откако „волчицата“ беше во сериозна криза и во долната половина на табелата. Сепак, „стариот лисец“ правилно ги состави кокците и тимот успеа да се разбуди и да се избори за Лигата на шампионите.

По победата против Верона дојдоа на дофат на четвртото место кое води во европската елита.

„Беше тежок натпревар, очекувавме вакво нешто. Верона е физички многу силен тим, нè притискаат, имаат двајца многу брзи напаѓачи. Моравме да бидеме фокусирани од самиот почеток. Сите одиграа добро", изјави Раниери.

Новинарите го прашаа дали можеби се предомислил и ќе остане во Рома.

„Уште една година во Рома ќе биде промашување на клубот. Не сакам Рома да губат време“, рече тој.

Рома сега има 57 бода, само два бода помалку од четвртопласираниот Јувентус.