• Саше Љолес
Искусниот Клаудио Раниери беше презадоволен од победата на Рома над вечниот градски ривал, Лацио, изјавувајќи дека неговите избраници конечно покажале игра каква што се очекува од нив.
Раниери дојде како спасител на Рома после лошите резултати на почетокот од сезоната, а сега вели дека тимот конечно заличил на сериозен колектив кој може да се надигрува со сите ривали.
„Почнавме да личиме на сериозен тим. Тоа ми го докажаа играчите на овој меч, каде сите точно знаеја што треба да прават. Се помагаа еден со друг на теренот и немаше многу простор за грешки. Тактички бевме мудро поставени и тоа вроди со плод. Ако продолжиме вака, допрва ќе нижеме успешни резултати“, рече Раниери.
Рома со победата над Лацио стигна до вкупно 23 бода кои ја сместуваат на десеттата позиција на табелата, а во следното коло ќе гостува кај незгодната Болоња.