Рангник ја доби работната дозвола, го закажа првиот прес како менаџер на Јунајтед

Ралф Рангник, новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, ја доби посакуванaта работна дозвола за Велика Британија и официјално почна да работи во еден од најголемите .

Германецот на клупата на „црвените ѓаволи“ го замени Оле Гунар Солскјер и потпиша договор до крајот на сезоната, а потоа две години ќе ја има улогата на спортски советник. Иако неговиот потпис беше официјализиран уште во претходната седмица, поради работната дозвола Рангник беше спречен да ги води тренинзите на првиот тим, а поради истите причини, вечерва на клупата на „ѓаволите“ против Арсенал за последен пат ќе застане Мајкл Керик.

Рангник в петок ја закажа првата прес-конференција како менаџер на Манчестер Јунајтед, а своето деби на клупата ќе го има в недела, на натпреварот против Кристал Палас.