Ранетите Баварци ги консолидираа редовите, следен тест се „фармацевтите“

Бундес

Кога најмалку се очекуваше, кога шампионот фати страшен залет – девет победи во низа, 45 постигнати гола – и делуваше незапирливо, во Минхен пристигна Ајнтрахт и дојде до победа. По првиот пораз може да констатираме дека Баерн нема да го дочека дербито со Леверкузен (недела, 15:30) во баш најдобра атмосфера, но исто така тука е и фактот дека баш по такви или слични шокови Баварците ги консолидираат редовите и покажуваат вистинска моќ.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите во Бундеслигата >>>

Леверкузен има ист број на бодови како Баерн, во серија е од пет победи (на последните три натпревари не прими гол) и има двајца супер расположени играчи – Патрик Шик и Флоријан Вирц. Овој вториот на секој натпревар на кој играл оваа сезона има или гол или асистенција, додека Чехот во целост се распука – шест гола на претходните шест средби.

Секако, сето ова нема да биде од големо значење ако Баварците бидат на своето ниво. А најавата на Јулијан Нагелсман дека може да смета на целиот свој тим, најавува такво нешто.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Баер Леверкузен - Баерн Минхен >>>

На секој од трите претходни натпревари на Бај Арената, Веркселф сосема пристојно се спротистави на Баерн, постигна пет гола, ама секој пат загуби – 2-4, 2-4, 1-2. Интересно, ако го изземеме последниот дуел на овие два тима (2-0 за Баерн во Минхен), на секој натпревар од август 2017 година беше ГГ. Задолжително со 3+. Изненадување ќе биде и овој пат да не е така.