Ранетиот Атлетико против препородените „сини“ на Тухел

Атлетико Челзи

Покрај пресметката на Барселона и Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Челзи претставува еден од најзвучните парови во овогодишното осминафинале од Лигата на шампионите. Ако овој натпревар се играше пред околу еден месец, без размислување ќе го прогласевме тимот на Диего Симеоне за фаворит.

Погледнете ги сите коефициенти од мечот Атлетико Мадрид - Челзи >>>

Меѓутоа, во меѓувреме Томас Тухел го замени Френк Лампард на клупата на „сините“ и оттогаш Челзи не знае да губи. Одигра седум натпревари, победи пет и во пет наврати не прими гол. Додуша, не се и раздава голови, затоа што постигна вкупно девет гола. Од друга страна, Атлетико и понатаму е прв фаворит за титулата во Примера, иако загуби од Леванте на последниот натпревар. На тој начин дојде крај на неверојатната серија на „јорганџиите“ кои не знаеја за пораз на домашен терен од декември, 2019 година.

Погледнете ги сите коефициенти од Лигата на шампионите >>>

„Ванда Метрополитано“ е тврдина која во последните петнаесет месеци им одолеа на сите освен на Леванте, но Челзи нема да биде гостин во Мадрид, туку на националниот стадион во Букурешт, затоа што ковид-мерките не дозволија ситуацијата да биде поинаква. Мадридскиот тим играше прилично неубедливо во групната фаза која ја заврши со девет бода, односно две победи, три ремија и пораз во дуелите со Баерн, Салцбург и московска Локомотива.

Челзи првиот дел од натпреварувањето го заврши како еден од четирите непоразени тимови, со четири победи и две ремија во конкуренција на Севиља, Краснодар и Рен. Овие два тима ги краси богат историјат на меѓусебни дуели, а секој од нив е одигран во последните 12 години – двата тима имаат по две победи, со три нерешени исходи.