Ранети лавови на „Олд Трафорд“: Јунајтед и Тотенхем бараат излез од кризата

Некогаш страв и трепет за противниците, a денес два гиганти кои се обидуваат да го пронајдат патот назад кон врвот. Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе се соочат во дуел во кој имињата и традицијата ветуваат спектакл, но актуелната форма на двата тима отвора многу прашања.

„Црвените ѓаволи“ и лондонските „петли“ имаат разочарувачки почеток на сезоната, а притисокот врз нив расте со секое ново киксирање.

„Олд Трафорд“ ќе биде сцената на пресметката меѓу два ранета лава, свесни дека името на клубот и славното минато не носат бодови.

За едните и другите, ова е повеќе од обичен натпревар, туку можност да испратат порака дека сè уште имаат сила да се кренат и да ја спасат сезоната. Во вакви околности, поразот би бил нов удар, а победата можеби првиот чекор кон излез од кризата.

Притисокот е особено голем кај Тотенхем, кој потроши огромни средства за засилувања, но во овој дуел влегува како последнопласиран тим на првенствената табела. Навивачите очекуваат тренерот Де Зерби конечно да ја пронајде формулата за добар резултат, а истото се случува и во спротивниот табор, каде Мајкл Керик нема совршен старт на сезоната и досега забележа една победа во првите пет кола. 

Натпреварот на „Олд Трафорд“ се игра на 10 октомври во 18:30 часот. Останува да видиме со какви состави ќе настапат двајцата стратези, особено по долгата репрезентативна пауза за мечевите во Лигата на нации.